Утре претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Утре претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

пред 2 часа

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Текстот Утре претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top