Министерството за здравство соопшти дека утре на скопскиот аеродром треба да пристигнат 500 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“.
Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка
Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.
Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени преку Ковакс системот.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.