Утре променливо облачно време со температура до 13 степени

Утре променливо облачно време со температура до 13 степени

пред 5 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Текстот Утре променливо облачно време со температура до 13 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top