Утре прскање против комарци во Скопје

пред 3 години

Градот Скопје ги известува граѓаните дека в петок 29. април 2021 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот против лаври од комарци.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в петок, во раните утрински часови“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Share
Scroll to Top