Утре сончево време со температура до 37 степени

Утре сончево време со температура до 37 степени

пред 5 часа

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Текстот Утре сончево време со температура до 37 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top