Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено  со ниски утрински температури

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

пред 2 часа

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во првите денови од следната седмица наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

Текстот Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top