Утрово најстудено било во Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -8 било во Маврови Анови, -6 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Берово, -3 во Скопје-Петровец, -2 во Тетово, Куманово, Струмица и Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија и Кавадарци, 1 во Велес, 3 во Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 𝟤𝟦 часа до 8 часот (во l/m2)
2 Попова Шапка, Тополчани, Пожар.
Висина на снежна покривка во 08 часот (во сm)
14 Крушево, 10 Попова Шапка, 3 Маврови Анови.
Времето денеска
Претпладне во јужните и западните делови ќе биде променливо облачно. Во текот на денот насекаде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Текстот Утрово најстудено на Попова Шапка, денеска максималната температура до 13 степени е превземен од МАКФАКС.