УХМР: Променливо облачно време со локален дожд и засилен северен ветер

УХМР: Променливо облачно време со локален дожд и засилен северен ветер

пред 1 час

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност, а во текот на денот променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на места ќе надминува 60 километри на час.
Максималната дневна температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне се можни услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе достигне до 19 степени.

Текстот УХМР: Променливо облачно време со локален дожд и засилен северен ветер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top