Фатени на дело двајца малолетни крадци во Прилеп

пред 3 години

Полицијата фати двајца крадци во Прилеп, а украдените предмети се вратени на сопственикот.

„На 12 ноември на улицата Прилепски бранители во Прилеп, полициски службеници лишиле од слобода двајца малолетници (машко и женско), кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект на истата улица. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top