Фатен дилер на дрога од Гостивар

пред 3 години

Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец поради дрога.

„При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај обвинетиот биле пронајдени наркотична дрога хероин во вкупна количина од 50,25 грама и парични средства во банкноти со различна вредност во вкупен износ од 1640 денари и 880 евра“, соопштија од Обвинителството.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Share
Scroll to Top