Фатон Селами предложен за нов Народен правобранител од владеачката коалиција

Фатон Селами предложен за нов Народен правобранител од владеачката коалиција

пред 11 месеци

Пратениците од владеачката коалиција во Комисијата за избори и именувања го избраа 40-годишниот Фатон Селами за предлог кандидат за нов Народен правобранител.

Селами во моментот е општински советник во Тетово од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата Вреди, а предложен е од координаторот на пратеничката група Беким Ќоку. Опозициските пратеници од Европскиот Фронт го оспорија изборот.

За избор на Народен правобранител потребни се најмалку 61 глас и најмалку 20 гласови од пратениците од помалите етнички заедници.

Селами има десетгодишно искуство во канцеларијата на Народниот правобранител, магистратура, и минато како државен секретар во Министерството за правда. Исто така, има положено правосуден и нотарски испит и има авторски трудови за човекови права.

Текстот Фатон Селами предложен за нов Народен правобранител од владеачката коалиција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top