Фетаи на свечена академија по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик, во чест на Конгресот на Битола и албанското културно наследство

Фетаи на свечена академија по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик, во чест на Конгресот на Битола и албанското културно наследство

пред 2 часа

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи присуствуваше на свечената академија организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик.

За време на својот говор, го нагласи историското значење на Конгресот на Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската азбука, како една од главните столбови на албанскиот национален идентитет. Тој го подвлече придонесот на преродбениците и истакнатата личност на Мид’хат Фрашери, како и значењето на печатницата „Башкими и Комбит“ во развојот на албанските изданија.

Фетаи ја пофали и посветеноста на колекционерот и истражувачот Нико Котерија и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, кои ја отворија изложбата „Конгресот и Печатницата“ како омаж на албанското културно наследство.

На крајот, тој ја потврди посветеноста на Владата за заштита, негување и промоција на албанскиот јазик, култура и идентитет, сметајќи ја оваа задача за национална и граѓанска одговорност.

Текстот Фетаи на свечена академија по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик, во чест на Конгресот на Битола и албанското културно наследство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top