Филипче: Комисија ќе ја истражува смртта на 33- годишната пациентка на која и беше изваден миом

пред 3 години

Дали има лекарска грешка за смртта на 33 – годишната пациентка на која и беше изваден миом од матката ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство Венко Филипче.

Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денес извести дека ќе ја формира комисијата.

„За овој случај инициравме и стручен надзор. Во текот на денов или најдоцна во понеделник ќе се формира комисијата за и тој случај да се расчисти“, рече министерот Филипче.

Вонредниот увид на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е се уште во тек. Се прави увид во сите здравствени установи низ кои минала 33 – годишната пациентка.

Од Инспекторатот веќе известија дека ја бараат сета документација поврзана со случајот од Клиниката за Гинекологија, каде што била примена и оперирана, од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била препратена и повторно оперирана, од КАРИЛ, каде што била пренесена пред да почине како и од матичниот гинеколог и матичниот лекар.

Семејството на починатата обвини за лекарска грешка откако на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево, на четири места и било продупчено и сошиено откако и бил изваден миом од матката.

Share
Scroll to Top