Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега најавува ново зголемување и на струјата и на парното

Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега најавува ново зголемување и на струјата и на парното

пред 3 часа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Владата ги изневерила ветувањата дека електричната енергија нема да поскапи и дека граѓаните се соочуваат со ново зголемување на трошоците за струја и парно. На денешната прес-конференција тој предупреди дека поскапувањето ќе се одрази и врз цените на производите и дополнително ќе го намали животниот стандард.

Филипче потсети дека премиерот Христијан Мицкоски во септември најавувал дека струјата нема да поскапи, но сега, според него, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, најавил ново зголемување.

„Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека струјата нема да поскапи, претседателот на Регулаторната комисија, член од ВМРО-криминалната група, Ацо Ристов, чија сопруга е член на Судскиот совет, најави зголемување на струјата. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а не пак да стане збор за зголемување на стандардот на граѓаните“, рече Филипче.

Тој оцени дека поскапувањето на електричната енергија за два до три отсто ќе предизвика нов бран поскапувања на производите.

„Што ќе се случи по Нова година? Ова зголемување на струјата за дополнителни два-три проценти ќе повлече повторно поскапување на буквално сите производи кај нас“, предупреди лидерот на СДСМ.

Филипче посочи дека граѓаните веќе се соочуваат со зголемени трошоци за живот, а синдикалната кошничка достигнала 71.000 денари. Според него, состојбата со буџетот е лоша, а Владата не презема соодветни мерки за заштита на животниот стандард.

„Се наоѓаме во катастрофална ситуација со буџетот, која премиерот се обидува да ја замаскира со неговата секојдневна демагогија, која сè полошо ја продаваат неговите пропагандни медиумски канали, затоа што луѓето гледаат сè повеќе колку потешко се живее дополнително, од почетокот на следната година, кога ќе поскапи струјата и понатаму ќе повлече да поскапи и сè друго“, порача Филипче.

Текстот Филипче: Мицкоски ветуваше дека струјата нема да поскапи, сега најавува ново зголемување и на струјата и на парното е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top