Филипче најави можност од воведување полициски час, притисокот врз болниците е силен

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1.

Министерот изјави дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка, рече Филипче, би можела да е полициски час.

Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа, рече Филипче, значи огромен притисок врз здравствениот систем.

„Сè повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа – координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите, но тоа оди сè потешко“, изјави министерот.

За разлика од пролетта и летото, рече Филипче, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија.

„Мерките кои се на сила иако ги даваат првичните резултати сепак не може да се зборува за целосно елеминиран ризик во делот со хоспитализацијата и брзото пополнување на болничките капацитети како и недостаток од медицински кадар“, рече Филипче.

Share
Scroll to Top