Филипче: Протерувањето на рускиот дипломат нема да ја политизира испораката на вакцините

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека до крајот на месецов во земјата треба да пристигне дополнителна количина на руски вакцини и според него протесрувањето на рускиот дипломат од Македонија, нема да влијае на испораката на вакцините.

„ Во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега во телефонските разговори што ги имам со рускиот амбасадор нема никаква најава за политизирање на прашањето. Ниту беше така на почетокот, ниту е сега. Последните најави се дека ќе стигне одредена количина до крајот на мај, ќе видиме дали ќе биде така“, рече министерот Филипче.

Тој вели дека по вчерашното протерување на рускиот дипломат од нашата земја немал комуникација со руски претставници, но сепак очекува Русија да се држи до договорената набавка.

Според последните најави кинеските вакцини на „Синовак“ ќе стигнат на почетокот на јуни.

Во јуни се очекуваат и 100.000 вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс – системот, а до тогаш останува уште два понеделника да стигнуваат 7 – 10.000 вакцини од „Фајзер“ преку системот за солидарност на ЕУ.

Share
Scroll to Top