Филипче: Ја следиме ситуацијата со вирусот, доколку е потребно ќе има и нови мерки

пред 3 години

Вирусот во моментов има широка инфекција, па сме во постојана координација и комуникација со епидемиолозите и остануваме да ја следиме ситуацијата, па доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот фејсбук-профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информира дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.

„Во ковид-центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира.

Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент.

Доставата на терапија оди тековно и нема застој“, напиша Филипче.

Share
Scroll to Top