Филков за запирање на истрагата за мазутот: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК  и  одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена  одлуката

Филков за запирање на истрагата за мазутот: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката

пред 7 часа

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот.

„Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.

Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука“.

Истовремено, како што вели, очекува Советот на јавни обвинители и надлежните институции да отворат прашање за одговорноста на Ислам Абази.

„Затоа што ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем“.

Текстот Филков за запирање на истрагата за мазутот: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top