Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

пред 5 месеци

Град Скопје информира дека правното лице Дизниленд реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од таму.

Текстот Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top