Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

пред 10 часа

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, на X по средбите со државниот врв во земјава.

Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ја приближува нашата земја кон нив.

„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.

Текстот Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top