(Фото) Благодарници и подароци за храбрите пилоти од Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Црна Гора кои нѝ помагаат во гасење на пожарите

(Фото) Благодарници и подароци за храбрите пилоти од Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Црна Гора кои нѝ помагаат во гасење на пожарите

пред 2 години

Благодарници и подароци добија храбрите пилоти од регионот кои нѝ помагаат при гасење на пожарите.

На храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија.

Под објавата на Фејсбук се редат еден куп позитивни, но и емотивни коментари од граѓаните кои искажуваат благодарност.

„Од предходните директори само Стојанче треба остане на истата функција!“, „Браво секоја чест за сите само напред“, „Ви благодариме добри луѓе!“ се само дел од десетиците коментари.

Текстот (Фото) Благодарници и подароци за храбрите пилоти од Србија, Хрватска, Словенија, Романија и Црна Гора кои нѝ помагаат во гасење на пожарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top