(Фото/Видео) Пожарот во Велес зафати куќи и викендици, силниот ветер го отежнува гаснењето

(Фото/Видео) Пожарот во Велес зафати куќи и викендици, силниот ветер го отежнува гаснењето

пред 2 часа

Со навремена и брза реакција на пожарникарите, попладнево се спречи проширување на активниот пожар кој започна во месноста наречена Трите дола, објави градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Пожарот кој зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер сè уште не е изгасен“, објави Колев.

Тој упати благодарност до пожарникарите и упати апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа.

„Искрено жалам за настанатата штета и упатувам благодарност до ТППЕ Велес кои со 16 пожарникари вршеа професионална интервенција, до општествено одговорната компанија Уни Агро кои со механизација придонесоа во акцијата и до сите кои се вклучија во гаснење и локализирање на пожарот. Изминативе денови сме сведоци на многу пожари, поради што апелираме на посебно внимание и грижа за околината“, напиша Колев.

Текстот (Фото/Видео) Пожарот во Велес зафати куќи и викендици, силниот ветер го отежнува гаснењето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top