„Внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата“, извести градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, додаде градоначалникот.
Текстот (Фото) Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров, извести Ѓорѓиевски е превземен од МАКФАКС.





