(Фото) Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар

(Фото) Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар

пред 2 месеци

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар.

„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина“, рече Герасимовски.

Текстот (Фото) Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top