(Фото) Герасимовски: Центарци добија современа сала за вежбање на отворено во Паркот на франкофонијата

(Фото) Герасимовски: Центарци добија современа сала за вежбање на отворено во Паркот на франкофонијата

пред 10 часа

Општина Центар, на барање на жителите, постави теретана на отворено во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот.

Фитнес зоната располага со 17 справи наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и друго, извести Општината.

„Новата теретана е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот, од сите возрасти , ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Овие денови ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и прашкаста боја, што гарантира издржливост и отпорност на влага и атмосферски влијанија.

Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, се додава во соопштението од општина Центар.

Текстот (Фото) Герасимовски: Центарци добија современа сала за вежбање на отворено во Паркот на франкофонијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top