Денес во Ченто испишавме нова историја. После 40 години запоставеност, местото кое беше симбол на застој – денес прерасна во современ Дом на културата „11 Октомври“. Од „црна точка“ создадовме светла точка која ќе биде срцето на културата во Гази Баба, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на отворањето на новиот објект.
Тој информира дека инвестицијата е вредна 86.000.000 денари, обезбедени преку Владата и дека станува збор за енергетски ефикасен објект по европски стандарди.

Објектот е на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и современи услови за развој на уметноста и креативноста.
„Ова ќе биде местото каде ќе се раѓаат нови идеи, ќе се откриваат таленти и ќе се гради културниот идентитет на нашата општина“, напиша Стефковски.
На отворањето на Домот на културата „11 Октомври“ присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски, кој порача дека е исклучително задоволен што по речиси една година е сведок на неговото пуштање во употреба.
Текстот (Фото) Испишавме историја во Ченто – по 40 години запоставеност, отворен е новиот Дом на културата, објави Стефковски е превземен од МАКФАКС.





