(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

пред 5 часа

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа.

Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.

Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, велат од Царинската управа и додаваат дека и натаму остануваат посветени на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.

Текстот (Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top