Со завршувањето на последната фаза од асфалтирањето, комплетно е финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода.
default
„Со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат- широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно секојдневие за жителите.
Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 м и широк 12 метри.
Проектот е обезбеден со поддршка од Владата на Република Македонија преку Програмата за капитални инвестиции“, соопшти општина Кисела Вода.
Текстот (Фото) Финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ е превземен од МАКФАКС.





