(Фото) 335 ученици од основни училишта учествуваа на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

(Фото) 335 ученици од основни училишта учествуваа на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

пред 2 часа

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.

Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата.

„Највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот каде опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце одговарав на низа прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.

Потсетувајќи се на првите учители кои ми ја всадија љубовта кон книгите, на учениците им порачав: да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот“, вели претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова.

Текстот (Фото) 335 ученици од основни училишта учествуваа на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top