Франција поддржува проекти за заштита на животната средина

пред 3 години

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со регионалниот директор на Француската агенција за развој Доминик Отберг, на која присуствуваа и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и директорка на регионална економска служба на Амбасадата со седиште во Софија Флоренс Добел.

Регионалниот директор Отберг истакна дека Агенцијата има мандат од Француската Влада од 2018 година за присуство во повеќе земји од регионот, кои имаат аспирации за членство во ЕУ. Досега се присутни во три земји од Западен Балкан, а со потпишувањето на Договор за спроведување на активности на Француската агенција за развој во Северна Македонија, се очекува конкретни активности во државава да започнат следната година.

Отберг ги презентираше областите на интерес на Агенцијата во регионот на Западен Балкан и посочи дека поддржуваат проекти од различни области, но пред се оние кои имаат директен и позитивен бенефит заснован на Парискиот климатски договор.

Најприоритетна област за Северна Македонија, според Отберг би биле проектите кои имаат допирни точки со Парискиот климатски договор а се поврзани со водите, енергетиката, урбаниот развој, транспортот, заштитата на природните ресурси, енергетската ефикасност и сл. Механизмот за поддршка подразбира техничка помош, обезбедување заеми, грантови, директни заеми на општини, наменети пред се за идентификување и развивање на проекти релевантни за одржлив економски развој.

Министерот Нурдини нагласил дека во правец на исполнување на целите од климатскиот Договор од Париз, во тек е изработка на Закон и Долгорочна стратегија за климатска акција и дека истите се очекува до крајот на годината да бидат донесени. Но дека поддршка и помош е потребна во процесот на нивна имплементација.

Share
Scroll to Top