Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

пред 3 часа

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје.

Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март во својот дом, откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило превезуваше повредени до болниците во Скопје.

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележјето.

Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош.

Текстот Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top