Хоспитализирани 1.296 пациенти со коронавирус во земјата

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во Скопје, хоспитализирани се вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели, од кои 50 во изминатото деноноќие. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 71, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share
Scroll to Top