Хуманитарна кампања „Растеме заедно за детство со насмевки“ на „Винчини“ и СОС Детско село

пред 4 години

Макпрогрес како една од најголемите прехрамбени компании на Балканот, повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е помагање на организацијата СОС Детско Село.

По повод 30 години јубилеј на Макпрогрес Виница и 20 години јубилејот на СОС Детско село, Макпрогрес се одлучи оваа година да ја зајакне својата поддршка преку иницирање на хуманитарна кампања РАСТЕМЕ ЗАЕДНО ЗА ДЕТСТВО СО НАСМЕВКИ преку која со секое купување на производот КЕЈК од Винчини се донираат 5 денари при што целата донација ќе биде наменета за децата и младите без родителска грижа. Производите КЕЈК на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни на нашите граѓани да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на радост и гордост и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.

“Општествена одговорност на нашата компанија од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село не инспирираше во креирање на ваква кампања во која ќе можеме да ги вклучиме и нашите потрошувачи да бидат дел од компаниската гордост. Посебно оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата посебно кон најранливите – децата без родителска грижа”. изјави маркетинг менаџерот на Винчини г-ѓа Маја Цветанова.

“Особено сме горди и благодарни што имаме стратешки партнер како Макпрогрес коj низ годините несебично ја помага нашата работа. Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во кампањата со купување на производот кејк од Винчини и на тој начин ќе ја поддржат кампањата и да донираат за СОС Детско село. Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството. Тоа е можност секој поединец да споделува вредности со хумана мисија и да овозможува остварување на нивните цели. А наша цел е Топол дом и грижа за секое дете.” Изјави националната директорка на СОС Детско Село Јулијана Накова Гапо.

(ПР-текст)

Share
Scroll to Top