Цената на горивата не се менува, се намалува само цената на мазутот

пред 2 години

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,501%, кај дизелот за 1,699%, кај екстра лесното масло за 2,028%  и кај мазутот за 2,898%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.

Од 7.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95    108,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98    110,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     103,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    102,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                              2,649 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,412%.

Share
Scroll to Top