Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

пред 1 година

Денес, Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица, кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица, вклучувајќи го и починатиот возач на брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица што се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.

За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица што се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање податоци за повредените што се лекуваат во државата.

Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари, соопшти Црвениот крст.

Текстот Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top