Црвениот крст одбележува 76 години постоење

пред 4 години

Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија одбележува 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Северна Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.

17 март е воедно и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.

Share
Scroll to Top