ЦУК: Воздухот во Тетово е значително загаден, задолжително да се носат маски на отворено

пред 2 години

Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од таму потсетуваат и дека општина Тетово и СВР Тетово упатиле апел до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.

„Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95“, се наведва во соопштението во кое се наведува во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.

Од ЦУК информираат дека во 12 часот на местото на настанот пристигнала армијата со еден хамер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.

На самото место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на ТАВ Maкедонија пуштена е цистерна со Пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар“, стои во соопштението.

Share
Scroll to Top