ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро

ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро

пред 11 месеци

Лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно, соопшти ЦУК.

Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.

Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и Полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно.

Инаку, медиумите, како и ЦУК, УХМР, а и другите служби во државата, ги информираа граѓаните секојдневно за очекуваните врнежи од снег векендов, што е препорачливо да се има предвид при севкупното планирање на викендско патување и престој во убавите планински предели.

Текстот ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top