ЦУК: Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, сите се изгаснати

ЦУК: Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, сите се изгаснати

пред 6 месеци

Според податоците на Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи (ЦУК) добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК) во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и пожарникарите сите ги изгаснале.

Како што извести ЦУК, во Општина Ѓорче Петров пожарникарите од Бригадата за противпожарна зштита БППЗ на Град Скопје гаснеле депонија покрај улица „Радушка“, во пределот кај гробиштата во населбата Ѓорче Петров. Била зафатена била површина од 500 m2. На запалено стрниште интервенирале во Општина Велес, пожарникарите од ТППЕ Велес на површина од пет хектари во атар на село Клуковец, а во Општина Могила пожарникарите од ТППЕ Битола интервенирале покрај патот Битола-Прилеп во близина на село Вашарејца. Врз два пожари интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп Општина Долнени, прво гаснеле запалена ниска вегетација во месноста „Заград“ и потоа гаснеле запалена ниска вегетација и прагови од железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово.

Според извештајот за работата на Секторот Е-112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало вкупно 1.631 повици на Единствениот број за пријавување итни случаи 112 во ЦУК. „Реални“ повици, односно тие што се токму примени за итни случаи, имало 45,55%, од другите повици што се за други случаи или ситуации имало 54,45% од примените повици. Најмногу повици биле упатени кон Полицијата (56,16%) и Итната медицинска помош (37,44%). Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Конкретно, ЦУК координирал интервенции при што, покрај дејствувањето на Полицијата, Итната медицинска помош, Пожарникарите и АМСМ, било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи (СУК) согласно оперативните процедури и постапки и карактеристиките на пријавениот итен случај, соопшти ЦУК.

Текстот ЦУК: Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, сите се изгаснати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top