ЦУК: Смарт-камерите навреме алармираа за пожарот кај Никуштак

ЦУК: Смарт-камерите навреме алармираа за пожарот кај Никуштак

пред 1 час

Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК.

По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен.

„Системот за рана детекција овозможува операторите во Секторот за операции и координација при ЦУК да ја контролираат и насочуваат камерата, со што состојбата со пожарот може континуирано да се следи визуелно во реално време. На овој начин, паралелно со следењето на пожарот, се овозможува и навремена координација и насочување на расположливите ресурси на терен, како и определување на правецот на дејствување на пожарот, сè до неговото локализирање и целосно гаснење“, велат од ЦУК.

Текстот ЦУК: Смарт-камерите навреме алармираа за пожарот кај Никуштак е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top