Четворица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

пред 3 години

Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пред мостот на реката Порој.

Незгодата се случила помеѓу две возила, при што повредени се двајцата возачи и двајца сопатници.

Повредените биле пренесени во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Share
Scroll to Top