Приведени се четворица штипјани за демонтирање и крадење на метална ограда од мост.
Според информациите од МВР, се работи за Е.С.(20), Е.С.(33), Е.Д.(32) и Е.С.(30), кои вчера со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост помеѓу Казнено-поправната установа Штип и с.Драгоево.
Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.