Четворица штипјани украле метална ограда од мостот кај затворот во Штип

пред 2 години

Приведени се четворица штипјани за демонтирање и крадење на метална ограда од мост.

Според информациите од МВР, се работи за Е.С.(20), Е.С.(33), Е.Д.(32) и Е.С.(30), кои вчера со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост помеѓу Казнено-поправната установа Штип и с.Драгоево.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top