Четири општини се најпогодени од невремето во Скопје, поплавени улици и дворови

Четири општини се најпогодени од невремето во Скопје, поплавени улици и дворови

пред 3 часа

Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика поплави и проблеми во повеќе делови од градот, а до Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале бројни пријави од граѓани.

Како што информира Центарот за управување со кризи, пријавени се поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и заглавени возила и други опасности предизвикани од обилните врнежи.

Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.

За сите пријавени случаи веднаш биле известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.

Во меѓувреме, заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби за справување со последиците од невремето.

Текстот Четири општини се најпогодени од невремето во Скопје, поплавени улици и дворови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top