Шасивари: Кривичниот законик до почетокот на октомври оди на мислење, за Изборниот ќе има средби со партиите

Шасивари: Кривичниот законик до почетокот на октомври оди на мислење, за Изборниот ќе има средби со партиите

пред 8 часа

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска изјави дека се работи на подготовка на Кривичниот законик и дека се очекува до првата недела од октомври тој да биде испратен на мислење.

„Сме во подготовка на Кривичниот законик. Работната група се сретна вчера и очекуваме до првата недела од октомври да го испратиме за мислење“, рече Шасивари одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека потоа законот институционално ќе биде доставен во понатамошните чекори за негово усвојување.

Во однос на Изборниот законик, Шасивари најави средби со претставници на политичките партии, парламентарните групи, пратениците и другите чинители вклучени во процесот.

„Изборниот законик се носи консензуално и мора да се воспостави дијалог и партнерство со сите претставници на политичките партии и актери што се значајни во тој процес“, рече министерот.

Тој најави дека во периодот што следи ќе одржи средби со релевантните политички и парламентарни претставници со цел да се заокружи процесот.

Текстот Шасивари: Кривичниот законик до почетокот на октомври оди на мислење, за Изборниот ќе има средби со партиите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top