Oсновното јавно обвинителство Велес отвори истрага против 19-годишно лице од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство.
Вчера попладнето осомничениот Е.А. дошол во Велес заедно со својата вонбрачна 17-годишна сопруга во куќа на ул.„Нада Бутникошарева“, во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување го прободел девојчето три пати во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, по што заминал од куќата.
Судот на осомничениот му определи притвор од 30 дена.