Штрајкот на СОНК ставен во мирување

пред 4 години

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој објасни дека Советот на СОНК расправал во врска со добиено известување од Министерството за труд и социјална политика, за мирно решавање на спорот меѓу Министерството за образование и СОНК, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков и потврди дека учениците од утре се враќаат во училиштните клупи.

Претседателот на СОНК посочи и дека штрајкот повторно ќе се активира ако во наредниот период не се најде соодветно решение.

Share
Scroll to Top