Штрајк на вработените во „Железница“

пред 2 години

Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје соопшти дека денеска со почеток од 15:00 часот, започнат е штрајк од страна на машиновозачите и помошниците машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје реагира дека штрајкот на машинскиот персонал не бил писмено најавен и е незаконски.

„Со наредно соопштение подетално ќе Ве известиме кои возови почнувајќи од 16.03.2022 година не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат наведените возови“, велат од Железници.

Преку допис со медиумите тие наведуваат дека редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија и нафтата, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење.

Напоменува дека Железници на Република Северна Македонија на вработените ја има во целост исплатено платата за месец јануари 2022 година.

 

Share
Scroll to Top