Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за незаконитости во работењето на повеќе јавни претпријатија. Ѓорѓиевски претходно објави дека се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
„Имавме тематска средба со претставници на финансиската полиција. Во интерес на истрагата нема да давам повеќе информации. Од она што досега го изнесов, околку 500 се отстранети од списоците оти земале плата а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи. Тоа не се лица кои ќе бидат заменети со нови, туку се случува оти вршеле злоупотреба во институциите. Тоа е околу 5 милиони евра оштета на годишно ниво“, рече Ѓорѓиевски во разговор за МРТ.
Ѓорѓиевски порача дека е потребна и командна одговорност, што подразбира да не бидат само отстранети лицата кои не оделе на работа, туку и да имаат одговорност оние којшто потпишувале за тоа да се случува и директорите.
Текстот Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата кои земале плата а не оделе на работа, но и оние кои им потпишувале плата е превземен од МАКФАКС.





