Ѓорѓиевски: Го враќаме духот на Старата скопска чаршија

Ѓорѓиевски: Го враќаме духот на Старата скопска чаршија

пред 3 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за санација на влезот на Старата скопска чаршија, каде што по години негрижа секаде каде што има оштетени и искршени плочки се заменуваат со нови плочи од травертин.

– Чаршијата е живата историја на Скопје. Еден од симболите на градот и едно од првите места што ги посетуваат туристите кога ќе дојдат во нашиот град. Затоа е важно уште самиот влез да биде уреден и достоен. Многумина од вас ми пишаа за искршените плочки на влезот во Чаршијата. Со право укажавте дека првата глетка што ги пречекува скопјани и илјадниците туристи треба да биде достојна за местото во кое влегуваат. Денес почнавме со работа. Со оваа санација решаваме конкретен проблем за дуќанџиите, скопјани и посетителите. Чаршијата им ја должиме на генерациите мајстори што секое утро ги отворале дуќаните и со своите раце му давале живот на Скопје. Наша одговорност е да ја чуваме за нивните внуци и за нашите деца – истакна Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски: Го враќаме духот на Старата скопска чаршија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top